Блинкен во посета на Кина

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Пекинг на разговори со високи кинески претставници, јави државната телевизија коментирајќи дека ова е посета која има за цел обнова на заладените односи меѓу двете земји.

Блинкен денеска прво ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг, со кого потоа ќе имаат и работна вечера.


Американскиот државен секретар утре ќе оствари уште неколку средби со највисоки кинески функционери, по што ќе ја заврши посетата на Кина.

Блинкен, кому ова е прва посета на Кина откако ја презеде функцијата во 2021 година, го надополнува долго планираното патување што го откажа на кратко во февруари, кога избувна дипломатска криза со откривањето на, според Вашингтон, кинески балон за набљудување над американска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK