Блинкен утре ќе објави нов пакет помош за Украина

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека утре ќе објави нов пакет помош за Украина. Од Лондон ја потврди американската посветеност да го поддржи Киев.

„Претседателот Бајден рече дека ќе ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно. Нашите две страни се цврсти во оваа посветеност“, рече Блинкен на прес-конференција со неговиот британски колега Џејмс Клеверли.


„Ние ќе продолжиме да ја исполнуваме таа обврска, вклучително и преку нов робустен пакет помош од САД што ќе можам да го објавам утре“, додаде Блинкен.

Тој истакна дека САД и Кина се обединети во ставот дека треба да ги стабилизираат нивните односи.

„Јасно ми е дека двете страни се согласуваат за потребата од стабилизирање на нашите односи, така што идентификувавме конкретни области каде дијалогот и соработката би можеле да бидат од корист за нашите две земји и за земјите ширум светот“, посочи државниот секретар.

Според Блинкен, евентуалната кинеска воена и разузнавачка активност на Куба ќе предизвика сериозна загриженост во Вашингтон. Неговиот коментар беше даден откако „Вол стрит журнал“ (Wall Street Journal) објави дека Пекинг има намера да лоцира нов објект за воена обука на кубанска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK