Блинкен разговараше со Фидан за членството на Шведска во НАТО и договорот за украинското жито

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за поддршката на Шведска да се приклучи на НАТО.

„Блинкен разговараше со Фидан за претстојниот самит на НАТО во Вилнус и ја охрабри Турција да ја поддржи Шведска“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.


Тој ја истакнал важноста на единството на НАТО во „ваков критичен момент“.

Соговорниците разговарале и за важноста од проширување на Црноморската иницијатива за жито.

САД и Турција имаат долготрајни и длабоки билатерални одбранбени врски, а континуираната интероперабилност на Турција со НАТО останува приоритет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK