Блинкен: Побаравме од Северна Кореја информации за американскиот војник

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон сака да дознае каде се наоѓа американскиот војник Тревис Кинг, кој на 18 јули ја премина демилитаризираната зона што ги дели Северна и Јужна Кореја и пристигна во Северна Кореја, додавајќи дека САД ја побарале таа информација од Пјонгјанг.

За време на неговото обраќање на дискусијата на безбедносната конференција во Аспен, тој изјави дека САД се „подготвени да водат преговори со Северна Кореја за нуклеарната програма без предуслови“.


Пентагон вчера контактирал со Северна Кореја за американскиот војник, но немало одговор од Пјонгјанг, па останува нејасно дали Кинг пребегнал или сака да се врати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK