Блинкен: Кина ги увери САД дека нема да испраќа смртоносна технологија во Русија

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина нѐ увери дека не e и нема да испрати смртоносна технологија во Русија, но САД се и натаму загрижени дека кинеските компании би можеле да го сторат тоа, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Она за што постојано сме загрижени се кинеските компании кои можеби ѝ даваат на Русија технологија што ја користи за ширење агресија во Украина. Побаравме од кинеската влада да внимава на таквите активности“, рече Блинкен.


Американскиот државен секретар денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА.

До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина.

Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и договор за некои специфични теми“.

– Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.

Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK