Блинкен: Ги проверуваме извештаите за убиени Американци во Израел, ова е масовен терористички напад

Блинкен-Ги-проверуваме-извештаите-за-убиени-Американци-во-Израел-ова.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД работат на проверка на извештаите дека неколку Американци се убиени во Израел, изјави државниот секретар Ентони Блинкен за Си-Ен-Ен.


Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во 1973 година, но посочи дека сега има една фундаментална разлика.

„Тоа беше војна меѓу држава-држава, војска со војска. Ова сега е масовен терористички напад во кој се убиваат израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме, тие се буквално влечени преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеа холокаустот и е во инвалидска количка. Има и жени и деца. Така што, можете да замислите какo се одразува ова во Израел, а светот треба да биде револтиран од прикажаното“, рече Блинкен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK