Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе свика состанок на тимот за национална безбедност на кој ќе се разговара за случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека Бајден ќе разговара и со јорданскиот крал Абдула Втори, пренесе Ројтерс.
Истовремено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порача на колегите од земјите членки на Г7 дека Вашингтон верува дека иранскиот напад врз Израел може да започне во следните 24 до 48 часа, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на добро информирани извори.