Блинкен до Израел: Сега имате шанса

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар, Eнтони Блинкен, го повика Израел да ја искористи можноста што произлегува од успешното уништување на повеќето капацитети на Хамас во Појасот Газа и смртта на водачот на таа исламистичка милиција, Јахја Синвар, со цел да се постигне долгорочно решение на конфликтот во таа енклава.



„Сега е време тие успеси да се претворат во траен стратегиски успех. Остануваат само две работи: да се вратат заложниците дома и да се заврши војната знаејќи што следува“, рече Блинкен.

Тој, исто така, го повика Израел да избегне „голема ескалација“ во одговорот на иранскиот напад со балистички проектили на 1 октомври врз еврејската држава.

Блинкен на пат од Тел Авив кон Саудиска Арабија како дел од турнејата низ регионот.

Тој, исто така, ја повика израелската влада да ја искористи „неверојатната можност“ за нормализирање на односите со Саудиска Арабија, процес кој беше прекинат со нападот на Хамас на 7 октомври и војната што следеше.

„Тоа е, и покрај сè што се случува, неверојатна можност во тој регион да се движи во сосема поинаква насока што нуди трајно решение за безбедноста на Израел и неговото место во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK