Билстром: Шведската држава не го одобрува палењето копија од Куранот

bilstrom
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведската држава не санкционира, ниту пак го одобрува палењето копија од Куранот, но слични дејствија се дозволени според законите за слобода на говорот, изјави министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.

„Во некои земји постои сфаќањето дека шведската држава стои зад тоа или дека го одобрува. Овие дела ги вршат физички лица, но тоа го прават во рамките на законите за слобода на говорот“, им објасни Билстром на новинарите.


Тој додаде дека одржува контакт со министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Алжир, САД и други земји, како и со генералниот секретар на Обединетите нации.

„Во моментов ќе разговарам со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка и ќе разговараме за овие теми. Важно е да се нагласи дека тоа е долгорочно прашање и нема брзи решенија“, нагласи шведскиот министер

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK