Берлин: Илон Маск се обидува да влијае на изборите во Германија

677z381_677z381_31-669e6340bd6f3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот милијардер Илон Маск се обидува да влијае на парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, изјави денеска портпаролката на германската влада.


Таа рече дека Маск навистина се обидува да влијае на претстојните избори во Германија со своите најави на платформата Х, како и со отворената поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (АфД) викендов.

Портпаролката на германската влада посочи дека Маск е слободен да го каже своето мислење, но наведе дека „слободата на мислење ги покрива и најголемите глупости“.

Маск ја поддржа АфД, стоеше во написот објавен во саботата од германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, што го натера уредникот на делот за коментари да поднесе оставка во знак на протест.

Во коментарот Маск ја прошири објавата што ја сподели на платформата Икс минатата недела кога тврдеше дека „само АфД може да ја спаси Германија“, објави Ројтерс.

Германската домашна разузнавачка агенција ја класифицира АфД на национално ниво како екстремистичка партија од 2021 година.

AФД е втора според анкетите и можеби ќе може да го спречи формирањето на централно-десничарско или левичарско мнозинство, но центристичките партии во Германија ветија дека нема да бараат поддршка од партијата на национално ниво, пренесуваат тамошните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK