Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека единствениот одговор на рускиот претседател Владимир Путин на сите обиди за воспоставување мир во Украина е само зголеменото насилство.
„Европа соработува со Украина секој ден за постигнување мир. Во изминатите 2,5 години вложивме максимални напори мирот да го доближиме барем еден милиметар. Но, за жал, на апсолутно секој чекор кон мирот, без разлика кој го предложи, Русија одговори со нов терор, од европска гледна точка, единствениот одговор на рускиот претседател веќе 2,5 години е дека тој сака да ја уништи Украина наместо преговори“, рече Бербок на заедничката прес-конференција со нејзиниот индиски колега Субрахманџам Џаишанкар во Берлин. Според неа, тоа не значи дека треба да се запрат напорите. Бербок потврди дека Русија е поканета на вториот мировен самит, но таа брзо одговориla со одбивање. „Ова уште еднаш покажува дека руската влада продолжува да ја следи целта што ја прогласи на 24 февруари 2022 година, а тоа е уништување на Украина, пренесува Танјуг.
Освен тоа, целта на Путин е да го уништи европскиот мировен поредок, а тоа се обидува да го направи преку хибридна војна. Затоа, не бидете наивni: кога Путин зборува за мир, тој само сака да се одмори за да може да добие сила целосно да ја окупира Украина и да им се заканува на другите земји, како Молдавија. Путин замислува само таков мир што тој ќе го диктира“, рече германската министерка. Таа укажа и на улогата на Индија во напорите за постигнување мир во Украина.
Џаишанкар изјави дека неговата земја „на некој начин“ била вклучена во некои иницијативи во последните 2,5 години, особено во врска со „коридорот за жито“ и безбедноста во нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП). Тој нагласи дека Индија се придржува до мислењето дека „разликите и споровите не можат да се решат со војна“, и дека „не верува дека решението за овој конфликт ќе се најде на бојното поле“.
„Затоа, Делхи се залага за преговори, за вклучување на Русија во процесот на дискусија“, заклучи индискиот министер, кој по вторпат е во посета на Германија, по учеството на Минхенската безбедносна конференција во февруари.