Бербок: Поголем број жени треба да учествуваат во решавање на конфликтите

berbok
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на состанокот посветен на феминистичката надворешна политика, упати апел поголем број жени да учествуваат во решавањето на меѓународните кризи и конфликти.

– Ниту едно општество на Земјата не може да биде успешно ако исклучи половина од своето население, посочи Бербок.


Состанокот на жени министри за надворешни работи од Азија, Африка и Европа, што се одржува во главниот град на Монголија, Улан Батор, е посветен на улогата на жените во промовирањето на мирот и безбедноста.

– Треба подобро да се организираме за да соработуваме, но и да учиме еден од друг, истакна Бербок.

Таа додаде дека да се зборува за универзални човекови права значи и да се зборува за правата на жените, што е „во согласност со трите „Р“ – права, застапеност и ресурси (на англиски Rights, Representation, Resources. И додека дека ако трите „Р“ не се еднакви за мажите и жените тогаш нешто не е во ред со општеството“.

Бербок со концептот на феминистичка надворешна политика планира повидливо да ги вклучи жените во механизмите за решавање на конфликти и меѓународните кризи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK