Бербок: Нови санкции против Москва поради Навални

Бербок-Нови-санкции-против-Москва-поради-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека ќе побара нови санкции против Москва, откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ненадејно почина во затвор во северна Русија.


Видовме брутална сила со која рускиот претседател Владимир Путин ги репресира граѓаните кои бараат слобода на улиците. Ќе воведеме нови санкции поради смртта на Навални, изјави Аналена Бербок во Брисел, каде се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ).

И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борељ, најави дека Брисел ќе воведе санкции против Москва, бидејќи Путин има голема одговорност за смртта на Навални, пренесува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK