Бербок: Молдавија би можела да биде следна во редот ако Украина падне

677z381_677z381_677z381_berbok.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска во Кишињев изјави дека Молдавија би можела да биде „следна на линијата“ доколку Украина падне и дека поддршката за Украина го гарантира нејзиниот опстанок.


„Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и охрабрување на стабилизацијата во Молдавија. Јасно е што е најголемата грижа: ако Украина падне, Молдавија е следната земја во редот“, рече Бербок за време на нејзината посета на Кишињев, каде што присуствува на платформата за молдавско партнерство заедно со претставници на Франција и Романија, пренесува Ројтерс.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, рече дека земјата се уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат поддршката.

„Војната на Русија против Украина, која ја осудивме првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната продолжува сериозно да го кочи нашиот економски развој и ќе го попречува се додека трае војната“, рече Санду.

Молдавската платформа за партнерство беше лансирана од Германија по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK