Бербок го повика Израел да ги отвори сите гранични премини во Појасот Газа за испорака на помош

677z381_Analena-Berbok.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го повика Израел да ги отвори сите гранични премини во Појасот Газа за да дозволи испорака на хуманитарна помош.


Таа изјави дека обемот на помош што влегла во Појасот Газа во последните 12 месеци никогаш не бил на толку ниско ниво како што е сега и ја опиша хуманитарната ситуација во таа област како „трагична“.

„Израел постојано даваше ветувања во овој поглед, кои не беа исполнети. Израелската влада мора да обезбеди поголема помош за настраданото цивилно население во Појасот Газа, без оправдување“, рече Бербок, пренесува весникот Suddeutsce Zeitung.

Според неа, голем процент од повеќе од два милиони луѓе во Појасот Газа страдаат од тешка неухранетост и живеат во незамисливи услови.

„Никаде во светот нема толку многу деца со ампутација на толку мал простор. Големи делови од Газа се апсолутно поле на урнатини“, нагласи таа. Изјави дека Израел има право на самоодбрана, но дека тоа има свои граници во меѓународното хуманитарно право и повторно повика на прекин на огнот. „Без примирје смртта и страдањето нема да престанат“, вели Бербок, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK