Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска изјави дека Европската одбранбена унија повеќе не е прашање „ако“, туку „колку брзо“ таа ќе биде формирана.
На конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет, Бербок рече дека европската одбранбена индустрија е сè уште национална по природа и дека затоа е „многу неефикасна“.
„Ако продолжиме да користиме 150 различни системи за оружје во Европа кои не се компатибилни еден со друг, можеме да ги потрошиме сите пари во светот – нема да бидеме доволно ефикасни, затоа верувам дека Европската одбранбена унија не е прашање дали, туку колку брзо ќе го постигнеме тоа“, рече таа, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.