Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“.
„Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни луѓе пак полудеа. Само треба да го прочитате документот. Пари не се бараат“, рече тој.
Според „Блумберг“, администрацијата на Трамп барала милијарда долари од земјите што сакаат постојано место во „Одборот за мир“, кој во Вашингтон се разгледува како можна алтернатива на Обединетите нации. Повик за приклучување добиле Русија, Белорусија, Канада и неколку европски земји.
Според документот, статутот на одборот ќе се спроведува според процедурите утврдени во писмото на Трамп.