Министерството за вонредни ситуации на Белорусија наскоро ќе го заврши процесот на вооружување и воена обука на своите вработени за да можат во случај на вооружен конфликт да им пружат помош на министерствата за одбрана и за внатрешни работи, изјави синоќа министерот за вонредни ситуации Вадим Синјавски.
Министерот Синјавски во изјава за државната телевизија рече дека сите вработени во тоа министерство ќе бидат подготвени да им помогнат на своите колеги министри доколку дојде до вооружен конфликт или „некаков вид немири или бунт“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно оваа година изрази желба „секој човек да може да ракува со оружје“.
Иако Белорусија не испрати свои војници на бојното поле во Украина, нејзиниот претседател и дозволи на Москва да започне инвазија од белоруска територија, која започна во февруари минатата година.