Белгискиот премиер: Ова што се случува во Газа веќе не е пропорционално

Белгискиот-премиер-Ова-што-се-случува-во-Газа-веќе-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгискиот премиер Александар Де Кро рече дека „она што се случува денес во Газа повеќе не е пропорционално“.


Тој ја нагласи осудата на белгиската влада за масакрот на 7 октомври од страна на Хамас и правото на Израел да се брани.

„Ако некој бомбардира цел бегалски камп со намера да елиминира еден терорист, тогаш мислам дека тоа повеќе не е пропорционално“, рече тој.

Де Кро додаде дека е сосема логично да се бара решение за Хамас, но прашање е како решението треба да се најде при политички дијалог, пауза во борбите и ослободување на сите заложници.

„Нашата земја не зазема страна. Она што го избираме е крај на насилството и илјадници цивилни жртви“, додаде тој, според белгиските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK