Белата куќа: Бајден има намера да стави вето на законот за помош на Израел

Белата-куќа-Бајден-има-намера-да-стави-вето-на-законот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе стави вето на предлог-законот на републиканците во Претставничкиот дом за обезбедување помош на Израел, со што истовремено се изоставени финансирањето на други приоритети за национална безбедност, објави Белата куќа.



Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа нагласи дека овој предлог-закон содржи пристрасност преку поддршка само за Израел и не одговара на моменталната ситуација, бидејќи ја испушта хуманитарната помош за населението во Газа и помошта за Украина и сојузниците во Индо- Пацифик, пренесува порталот „Хил“.

Беше најавено дека американскиот претседател ќе стави вето на овој документ доколку Конгресот го усвои.

„Овој предлог-закон е лош за Израел, за регионот на Блискиот Исток и за нашата сопствена национална безбедност“, соопшти Белата куќа.

Во изјавата на ОМБ се вели дека администрацијата ќе продолжи да работи со пратениците во Конгресот за да се постигне договор за дополнителното барање поднесено од Белата куќа претходно овој месец.

Пакетот предложен од републиканците во понеделникот обезбедува 14,3 милијарди долари помош за Израел во неговата борба против Хамас, милитантната група која ја контролира Газа и изврши прекугранични напади на 7 октомври во кои загинаа околу 1.400 Израелци.

Белата куќа минатата недела побара околу 106 милијарди долари дополнително финансирање за националната безбедност, кое вклучува пари за Израел и Украина, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK