Белата куќа гo осуди ракeтниот напад на Русија во Краматорск

US
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ги осудуваме бруталните удари на Русија против народот во Украина што предизвикаа масовна смрт и разрушување и одзеде животи на многумина Украинаци, изјави синоќа Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност при Белата куќа.

-САД ќе продолжат со подршката за Украина и ќе обезбедат оружје и опрема за одбрана од руската агресија, изјави тој.


Руските сили вчера извршија ракетен удар врз Краматорск, во Доњецката област, при што погодија популарен трговски центар и  ресторан.

Во нападот загинаа најмалку осум лица, меѓу кои и три деца, 56 беа повредени, потврдија украинските власти. Ударот се случи во трговски центар со многу луѓе и пица ресторан посетуван од новинари, студенти и армиски персонал.

Краматорск се наоѓа на 30 километри од фронтот во источна Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK