Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Твитер рече дека САД не веруваат дека Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа.
Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.
„Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа“, рече таа.