Балон полн со ѓубре од Северна Кореја повторно падна врз претседателскиот комплекс во Јужна Кореја

severna-koreja-kim.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Балон со отпад од Северна Кореја падна денеска врз претседателскиот комплекс во центарот на Сеул, Јужна Кореја, што предизвика загриженост за безбедноста на клучните локации во случај на можна севернокорејска агресија.


Ова е втор пат да се фрла отпад на таа локација, првиот ваков инцидент е забележан во јули годинава.

Инцидентот уследи по зголемувањето на меѓусебните закани меѓу двете земји, поради тврдењата на Северна Кореја дека Јужна Кореја летала беспилотни летала над главниот град Пјонгјанг и фрлала пропагандни летоци.

Во ѓубрето не се пронајдени опасни предмети, соопшти службата за безбедност на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јул.

Не е познато дали тој бил во комплексот за време на инцидентот.

Јужнокорејските медиуми објавија дека летоци во кои се критикува претседателот и неговата сопруга биле пронајдени во квартот Јонгсан во Сеул, каде што се наоѓа канцеларијата на претседателот.

Тие објавија фотографии од флаери кои ја опишуваат сопругата на претседателот, Ким Кеон-Хи, како Марија Антоанета, француската кралица која беше обезглавена за време на Француската револуција.

Исто така, се вели дека ова е прв пат да се најдат пропагандни летоци од Северна Кореја во Јужна Кореја, откако Северна Кореја ја започна својата „балонска кампања“ пред пет месеци.

Северна Кореја испрати илјадници балони со отпад од пластика и хартија во Јужна Кореја од мај оваа година.

Експертите тврдат дека Северна Кореја веројатно не поседува доволно напредна технологија, која би овозможила фрлање балони на одредени цели.

Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја за инфилтрирање на беспилотни летала и фрлање пропагандни летоци над Пјонгјанг три пати овој месец и се закани со сила доколку тоа се повтори.

Јужна Кореја одби да потврди дали ги испратила беспилотните летала, но предупреди дека Северна Кореја ќе се соочи со крај на нејзиниот режим доколку биде загрозена безбедноста на јужнокорејските граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK