Бајден за инвазијата на Израел врз Либан: Загрижен сум повеќе отколку што знаете, би сакал да престанат

bajden1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин синоќа разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти американското Министерство за одбрана. Според соопштението, тие се согласиле за „потребата да се разбие нападната инфраструктура“ долж границата за да се осигура дека либански Хезболах не може да изврши напади врз северните израелски заедници, како оној на 7 октомври минатата година.


Остин повтори дека е потребно дипломатско решение за да се осигура дека цивилите можат безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата.

Израелската војска во вторникот потврди дека започнала ограничени, локализирани и насочени напади врз цели на Хезболах во пограничната област на јужен Либан. Војската соопшти дека израелските воздушни сили и артилерија ги поддржуваат копнените сили со прецизни напади врз воени цели. Таа исто така рече дека целите се наоѓаат во селата во близина на границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел.

Минатата недела Израел го отфрли предлогот на САД и Франција за 21-дневен прекин на огнот со цел дипломатско решение што ќе им овозможи на раселените цивили од двете страни да се вратат дома. Американскиот претседател Џо Бајден, кој имаше мал успех обидувајќи се да го спречи Израел да ги нападне Хезболах или Хамас, повика на примирје.

„Загрижен сум повевеќе отколку што можеби знаете и посакувам да престанат“, им рече Бајден на новинарите на прашањето за инвазијата на Израел на Либан. „Сега ни треба примирје“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK