Бајден: САД ја следат ситуацијата во Израел, нема оправдување за тероризмот

1693302891_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави ја следат ситуацијата во Израел, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден додека одржуваше нови рунди разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и се подготвуваше за средба со лидерите на еврејската заедница во Белата куќа.


„Нема оправдување за тероризмот. Нема оправдување“, рекол Бајден и потврдил дека повторно разговарал со Нетанјаху, пренесува Ројтерс.

Во вторникот, Бајден вети дека ќе го поддржи Израел и го нарече нападот на Хамас „чин на чисто зло“.

Американската воена помош веќе се испраќа до Израел, а Бајден потврди дека ќе побара од Конгресот да преземе итни мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK