Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Screenshot-2024-12-26-080754.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на американско оружје и муниција за Украина, по руските напади врз клучната украинска енергетска инфраструктура, соопшти денеска Белата куќа.


Во изјавата Бајден оцени дека целта на рускиот напад во средата е да се спречи украинскиот народ да користи електрична енергија и да пристапи до загреани простории во текот на зимата.

„Дозволете ми да бидам јасен: украинскиот народ заслужува да живее во мир и безбедност, а САД и меѓународната заедница мора да продолжат да стојат покрај Украина додека таа не триумфира над руската агресија“, рече американскиот претседател.

Тој истакна дека САД испратиле стотици пакети за противвоздушна одбрана во Украина во последните месеци, што ќе продолжат да го прават, со цел да ја зајакнат позицијата на Киев во борбата против Русија, се додава во соопштението.

Најмалку три лица беа ранети во руските напади во средата, а украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изјави дека Русија „масовно го нападнала енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Русија ги интензивираше нападите врз енергетскиот сектор на Украина од пролетта и оштети речиси половина од производствениот капацитет на Украина, често предизвикувајќи повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK