Бајден по бунтот на „Вагнер“ во Русија: Путин е ослабен и непосакуван, ја губи војната и во Украина и дома

bajden_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пред новинарите во Белата куќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин станал „непосакуван“ ширум светот, но тешко е да се каже дали е ослабен од неодамнешните настани во кои беше вмешан основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Бајден кажа дека Путин очигледно ја губи војната во Украина и „ја губи војната дома и стана некако непопуларен ширум светот“.


Американскиот претседател пред два дена изјави дека САД и НАТО не беа вклучени во краткотрајниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија.

Во својата прва реакција, тој само кажа дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание бунтот ќе има врз војната во Украина, пренесоа американските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK