Американскиот претседател, Џозеф Бајден, и потпретседателката, Камала Харис, го осудија Хамас на годишнината од нападите на терористичката група врз Израел и ја повторија посветеноста на нивната администрација да го зацементира договорот за прекин на огнот за прекин на борбите во Газа и Либан.
„Денеска, се одбележува една година жалост за повеќе од 1.200 невини луѓе од сите возрасти, вклучително и 46 Американци, масакрирани во јужен Израел од страна на терористичката група Хамас. Една година откако Хамас изврши ужасни сексуални дејства. И една година од катастрофалната војната“, рече Бајден, според соопштението на Белата куќа.
Тој рече дека секој ден размислува за повеќето од 100 заложници, кои сè уште се во заробеништво, за и нивните семејства.
„Стејт департментот никогаш нема да се откаже додека безбедно не ги вратиме сите преостанати заложници дома. Историјата исто така ќе го памети 7 октомври како мрачен ден за палестинскиот народ поради конфликтот што Хамас го почна тој ден. Нападот на 7 октомври извади на површина болни спомени, кои оставија милениуми на омраза и насилство врз еврејскиот народ, затоа станав првиот американски претседател што го посети Израел за време на војната, тогаш јасно му реков на народот на Израел: вие не сте сами.
Бајден додаде дека американскиот потпретседател и тој остануваат „посветени на безбедноста на еврејскиот народ, безбедноста на Израел и неговото право да постои“.
„Го поддржуваме правото на Израел да се брани од нападите на Хезболах, Хамас, Хутите и Иран. Минатата недела, под моја наредба, војската на САД повторно активно помогна во успешната одбрана на Израел помагајќи да се порази нападот на иранските балистички проектили“, рече претседателот на САД, пренесува „Танјуг“.
Тој силно го осуди насилниот пораст на антисемитизмот во Америка и во светот.
„Ова е неприфатливо. Сите ние мора да се бориме обединето против антисемитизмот и против омразата во сите форми. Израелците и Палестинците заслужуваат да живеат во безбедност, достоинство и мир. Исто така, продолжуваме да веруваме дека дипломатско решение е можно во текот на пограничниот регион на Израел и Либан и тоа е единствениот начин да се врати мирот и да им се овозможи на жителите од двете страни безбедно да се вратат во своите домови“, заклучи американскиот претседател.