Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, телефонски разговараше со американскиот претседател, Џо Бајден.
„Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакна дека САД стојат со Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана“, напиша канцеларијата на Нетанјаху на поранешната мрежа Твитер, сега X.
„Премиерот Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Бајден за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека е неопходна силна, продолжена кампања во која Израел ќе победи“, се додава.
US President Joe Biden called Prime Minister Benjamin Netanyahu and emphasized that the US stands alongside Israel and fully supports Israel’s right to self-defense.
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 7, 2023
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно изјави дека Соединетите Држави ќе работат на тоа Израел да го добие сето она што му е потребно за да се брани.
„Во текот на следните денови, Министерството за одбрана ќе работи на тоа Израел да го има она што му треба за да се одбрани и да ги заштити цивилите од неселективно насилство и тероризам“, се вели во соопштението на Остин.
Тој додаде дека внимателно го следи развојот на настаните и дека американската посветеност „за правото на Израел да се брани останува непоколеблива“, пренесува ДПА.
Остин изрази сочувство до семејствата на загинатите во овој, како што рече, грозоморен напад врз цивили.