Бајден го прогласи 9 јануари за Ден на жалост за поранешниот претседател Картер

belakukja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 9 јануари 2025 година за ден на жалост за починатиот поранешен претседател Џими Картер. Знамињата ќе бидат на половина копје 30 дена по смртта на 100-годишниот добитник на Нобеловата награда за мир.


Претседателот Бајден изрази сочувство за смртта на 39-от претседател на САД и добитник на Нобеловата награда за мир, Џими Картер и го прогласи 9 јануари за ден на жалост во негова чест.

Оваа информација ја објави Канцеларијата за печат на Белата куќа.

Тој, исто така, го повика американскиот народ да се собере на тој ден за да му оддаде чест на претседателот Џими Картер. „Ги повикувам луѓето ширум светот кои ја делат нашата тага да ни се придружат на оваа свечена комеморација“, рече Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK