Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска го потпиша Законот за американска одбранбена политика (NDAA), со кој се издвојуваат рекордни 886 милијарди долари годишно за вojската и воени операции, како што се помагање на Украина и одвраќање на кинеските сили во индо-пацифичкиот регион.
Законот беше усвоен од Конгресот минатата недела, кога 310 пратеници гласаа за усвојување, а 118 беа против, пренесува Ројтерс.
Нацрт-законот, еден од ретките главни закони што ги носи Конгресот секоја година, ги регулира политичките одлуки како што се зголемувањата на платите за членовите на службата, купувањето бродови и авиони или поддршката на странски партнери.
Законот предвидува зголемување на платите за 5,2 отсто на воениот рок, како и зголемување на вкупниот буџет за околу три отсто, односно на 886 милијарди долари.