Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е најквалификуван за претседател, дека еднаш го победил републиканскиот кандидат Доналд Трамп и дека повторно ќе го победи.
За време на прес-конференцијата во Вашингтон, која се одржа по самитот на НАТО и која беше под будното око на јавноста поради сомневањата во неговите психофизички способности и повиците на дел од јавноста да се откаже од својата кандидатура за претседател, Бајден рече дека е во добра здравствена состојба и дека ќе направи уште еден невролошки преглед доколку лекарите му препорачаат.
„Имав три невролошки прегледи, последниот во февруари, лекарите ми рекоа дека сум во добра форма. Не очекувам сите да бидат задоволни од она што го работам или од бројот на лекари што ги имам“, рече Бајден.