Американскиот претседател Џо Бајден го нарече Доналд Трамп губитник за време на предизборниот митинг во Јужна Каролина.
Бајден потсети дека токму оваа сојузна држава му помогна на прелиминарните избори на Демократската партија во 2020 година и ја спаси неговата кампања.
Прелиминарните избори на Демократската партија во Јужна Каролина ќе се одржат на 3 февруари, а се очекува победа на Џо Бајден.
„Вистината е, јас не би бил тука без демократските гласачи од Јужна Каролина. Тоа е факт. Затоа сакам да започнам со многу едноставна порака од срце.
Ви благодарам. Ако некогаш се сомневате дека моќта да ја промените Америка е во ваши раце, запомнете го ова. Вие го докажавте тоа. Вие сте причината зошто јас сум претседател, зошто Доналд Трамп е поразен поранешен претседател и губитник. Вие сте причината зошто повторно ќе го победиме“, рече тој.