Бајден беше испрашуван за доверливи документи пронајдени во неговата гаража во Делавер

Бајден-беше-испрашуван-за-доверливи-документи-пронајдени-во-неговата-гаража.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Џо Бајден, бил два дена испрашуван во истрагата на специјалното обвинителство за неговото постапување со доверливи документи, соопшти доцна вчерта Белата куќа.


Тој доброволно се пријави на испрашувањето, кое почна во неделата, а заврши во понеделникот, се вели во соопштението за печатот од кабинетот на претседателот.

Специјалниот обвинител Роберт Хур со месеци го истражува претседателот поради чувствителните записи откриени во домот и канцеларијата на Бајден во Делавер во Вашингтон.

Доверливи документи од времето на Бајден како потпретседател беа откриени во гаража и соседна соба во неговиот дом. Владини документи беа пронајдени и во канцеларијата на Бајден во центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон минатата година, според Белата куќа.

„Како што рековме од самиот почеток, претседателот и Белата куќа соработуваат со истражните органи. Ја информираме јавноста за какви било нови информации“, додаваат од Белата куќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK