Бабиш: Чешка нема да ја достигне целта на НАТО од два проценти за одбрана оваа година


Depositphotos_285884714_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешка нема да ја исполни целта на НАТО од два проценти од бруто домашниот производ за одбрана оваа година, изјави денес чешкиот премиер Андреј Бабиш пред самитот на Алијансата во Анкара.


Бабиш изјави дека владата во Прага ќе се стреми да ги зголеми трошоците за одбрана на ниво од два проценти во буџетот за 2027 година, пренесува Ројтерс.

Чешкиот премиер изјави во вторникot дека владата планира да го зголеми буџетот на Министерството за одбрана за 36 милијарди круни само следната година, и дека нема да издвои пари за Украина од својот буџет.

И покрај ова, тој го наведе подобрувањето во регрутирањето војници како позитивна работа.

„Секако, сакаме да го имплементираме новиот концепт на нашата армија, што е противвоздушна одбрана, одбрана од беспилотни летала, како и обврските во врска со бригадите што ги имаме долго време со НАТО“, изјави чешкиот премиер, цитиран од Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK