Автобус со мигранти во Мексико падна во провалија длабока 40 метри, 18 загинати

meksiko-policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ајмалку 18 лица загинаа, а 23 се повредени во автобуска несреќа во западно Мексико. Автобусот превезувал Мексиканци и мигранти на северот на земјата, соопштија властите.







„Вкупниот број загинати во несреќата е 18, од кои тројца се малолетни и 15 возрасни“, соопшти полицијата во државата Најарит, додавајќи дека несреќата се случила ноќе.

„Повеќето од патниците беа странци од земји како Индија, Доминиканската Република и од африканскиот континент“, соопштија властите, истакнувајќи дека некои патувале во Тихуана за да се обидат да преминат во САД.

Како што е наведено, возачот на автобусот ја надминал дозволената брзина и изгубил контрола над возилото кое паднало во провалија длабока 40 метри покрај патот кај Тепик, главниот град на државата.

Илјадници мигранти минуваат низ Мексико на пат кон северната граница на земјата за да побараат азил во САД или да се обидат да влезат без виза. Голем број мигранти патуваат илегално, скриени во камиони во нехумани услови. Во декември 2021 година, 50 мигранти загинаа во камионска несреќа во Чиапас, јужно Мексико. Повеќето од нив беа од Централна Америка (Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK