Австрискиот претседател го задолжи шефот на крајната десница да формира влада

kikl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска изјави дека му дал задача на лидерот на десничарската Партија на слободата (ФПО) Херберт Кикл да формира коалициска влада, откако не успеа обидот на центристите да формираат коалиција без ФПО.


„Го задолжив да започне преговори со (конзервативната) Народна партија за формирање влада“, рече Ван дер Белен во телевизиска изјава по средбата со Кикл.

Народната партија, единствениот потенцијален коалициски партнер на ФПО, веќе најави дека ќе се согласи на коалициски преговори со Кикл.

Раководството на владејачката австриска Народна партија (ОВП) на вонреден состанок во неделата го избра поранешниот секретар Кристијан Штокер за привремен наследник на канцеларот Карл Нехамер, кој најави оставка ден претходно по неуспешните преговори за формирање нова влада без екстремната десница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK