Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди


Depositphotos_540437816_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по вооружениот напад за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во неделата беа убиени 16 лица.


Албанезе рече дека ќе предложи нови ограничувања, вклучително и ограничување на бројот на оружје што може да го добие лиценциран сопственик.

Неговите предлози беа објавени откако властите открија дека постариот од двајцата напаѓачи, кои беа татко и син, ги набавил своите шест оружја легално.

„Владата е подготвена да ги преземе сите потребни мерки. Ова ја вклучува и потребата од построги закони за оружје. Луѓето можат да се радикализираат со текот на времето. Дозволите не треба да бидат засекогаш“, рече австралискиот премиер.

Најмалку 38 лица беа повредени и однесени во болници по масакрот во неделата, кога двајца напаѓачи отворија оган неселективно на забава на плажа.

Меѓу убиените беа десетгодишно девојче, рабин и преживеан од Холокаустот.

Нападот, кој се смета за терористички напад, ги вознемири Австралијанците и покрена прашања за тоа дали властите направиле доволно за да го спречат растечкиот антисемитизам, пишуваат медиумите.

Фото: депозитфотос

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK