Авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец: ден по разговорите меѓу шефовите на одбраната на САД и Кина

авионs_n-e1498486271776.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската морнарица соопшти дека нејзиниот патролен и извидувачки авион денеска прелета низ Тајванскиот теснец, само еден ден откако шефовите на одбраната на САД и Кина ги одржаа своите први разговори од ноември 2022 година со цел намалување на регионалните тензии.


Во соопштението на Седмата флота на САД, се наведува дека нивните патролни и извидувачки авиони „поминале низ Тајванскиот теснец во меѓународниот воздушен простор“ и дека „дејствувајќи во рамките на тајванскиот теснец во согласност со меѓународното право, САД ги поддржуваат правата и слободата на пловидба на сите земји во регионот“.

Иако теснецот широк 160 километри што ја дели Кина од Тајван е дел од меѓународните води, Кина смета дека минувањето на какви било странски воени авиони и бродови низ него е отворено кршење на нејзиниот суверенитет.

Кина не реагираше на денешното прелетување, иако претходно упати силни протести за слично минување на бродови и авиони низ теснецот.

Во вторникот, американскиот министер за одбрана Лојд Остин разговараше со неговиот кинески колега, адмирал Донг Јун, за смирување на тензиите во регионот.
Кина смета дека Тајван е составен дел од нејзината територија, која доколку е потребно треба да биде вратена со сила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK