Авион итно приземјен во Москва: во леталото имало речиси 300 патници, откриен е технички проблем

er-indija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авионот на „Ер Индија“ од Њу Делхи за Бирмингем беше пренасочен кон Москва како мерка на претпазливост во средата вечерта поради технички проблеми во леталото, објави денеска британски „Мирор“.


Околу 258 патници и 17 членови на екипажот се наоѓале во авионот кога слетал на аеродромот Шереметјево во Москва околу 21:35 часот по локално време.

„Аеродромските служби веднаш одговориле на барањето на екипажот и се подготвиле да го примат авионот во согласност со важечкиот план за итни случаи. Странскиот екипаж доби целосна помош од рускиот аеродром и експерти во согласност со актуелната меѓународна конвенција“, се наведува во соопштението на аеродромот Шереметјево.

Тоа беше трет индиски патнички авион кој непланирано слета поради технички проблеми во последните месеци.

Во јули, летот од Њу Делхи до Сан Франциско беше пренасочен кон аеродромот Краснојарск во Сибир поради потенцијален проблем во приемниот дел на авионот, а поради недостатокот на присуство на Ер Индија на тој аеродром, патниците беа оставени на аеродромот додека екипажот беше сместен во хотели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK