Американската полиција објави видео и фотографија од арсенал оружје запленет од 11-годишно момче кое подготвувало масовно пукање во училиште.
Областа за која станува збор е Волузија, Флорида, а шерифот Мајк Читвуд на прес-конференција најави дека во иднина ќе биде пракса да се објавува фотографија од уапсените ученици:
„Секогаш кога ќе апсиме, ќе бидат објавени фотографии од вашите деца и ако можам да го направам тоа, детето ќе биде спроведено со лисици“, рече шерифот, според вестите на Ен-би-си Њуз.
Florida sheriff releases mug shot and ‘perp walk’ video of 11-year-old charged with making school shooting threat https://t.co/LNZkmQxPKF via @nbcnews
— GiGi Gator Girl (@zazzybritches) September 17, 2024
Уапсеното момче се заканувало дека ќе изврши масовно пукање во училиштето пред да биде уапсено. Во последните неколку дена беа уапсени двајца тинејџери и веќе споменатиот 11-годишник.
„Бидејќи родителите не сакаат да ги воспитуваат своите деца, јас ќе почнам да ги воспитувам“, додал шерифот.
Полицијата потврди дека уапсеното момче (11) одело во средното училиште Криксајд. Имал и список со имињата на оние што планирал да ги ликвидира. Момчето од Порт Оринџ е обвинето дека при видео разговор со пријателите покажало „арсенал оружје“ со кој планирало да изврши масакр.
Полицијата добила анонимна дојава, по што е приведено. Канцеларијата на шерифот го објави името на детето и видеото од носењето во затвор. Меѓутоа, американските медиуми не ги објавуваат имињата на малолетниците, ниту пак ќе ја објават фотографијата од уапсеното момче.