Арапските земји и ЕУ денеска на состанокот во Шпанија се согласија дека решението со две држави е одговор на израелско-палестинскиот конфликт, додека шефот на Европската унија за надворешни работи, Жозеп Борел, рече дека Палестинската управа треба да владее со Газа.
Борел рече дека сите членки на ЕУ кои пристигнаа на состанокот на медитеранските земји во Барселона се согласија за потребата од решение со две држави.
„Палестинската управа мора да одржи избори и да го подобри своето функционирање, но тоа е единственото остварливо решение за иднината на раководството во Газа, во моментов под водство на исламистите од Хамас, за да се избегне вакуум на власта“, рече тој.