Аналена Бербок: Новата форма на американска поддршка за Украина не претставува промена во стратегијата на Западот

111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави донесоа важна одлука во врска со воената поддршка за Украина, изјави  германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, нагласувајќи дека тоа не е промена на стратегијата на Западот.


Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и дозволи на Украина да користи оружје од американско производство за напади длабоко во руската територија, потврдија за Ројтерс двајца неименувани американски официјални лица запознаени со одлуката.

„Би сакала да нагласам дека оваа одлука на американската страна не претставува промена на стратегијата на Западот, туку интензивирање на она што е веќе испорачано од другите партнери. Оваа одлука е исклучително важна во овој момент“, рече Бербок во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK