Врвните функционери на американската разузнавачка заедница го информирале републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за закани за атентат од Иран, изјави портпаролот на кампањата на Трамп.
„Трамп претходно беше информиран од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за реални и конкретни закани за атентат од Иран во обид да ги дестабилизира САД и да предизвика хаос“, изјави портпаролот Стивен Чеунг, а пренесува NBC News.
Се додава дека претставниците на разузнавањето заклучиле дека овие постојани и координирани напади се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци и дека службениците од сите агенции работат на тоа да обезбедат Трамп да биде заштитен и дека претседателските избори се слободни и спроведени без мешање.
Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа информација.