Кривичниот процес на американскиот сенатор Роберт Менендез е закажан за 6 мај 2023 година, беше соопштено за време на судското рочиште.
Американското обвинителство во Менхетен ги обвинува Менендез и неговата сопруга Надин дека примиле илјадници долари мито во замена за користење на моќта и влијанието на сенаторот во корист на бизнисмен од Њу Џерси и правење услуги за владата на Египет, пренесува Ројтерс.
Обвинителите бараат да му го одземат имотот на Менендез, вклучително и домот во Њу Џерси, Мерцедес-Бенц од 2019 година и околу 566.000 долари во готовина, златни шипки и банкарска сметка.
Менендез и неговата сопруга се изјаснија за невини.