­

Американскиот министер за одбрана: Подготвени сме да го нападнеме Иран ако пропаднат преговорите


pit-hegset.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД ќе бидат подготвени да го нападнат Иран доколку пропаднат нуклеарните преговори, еден ден по првите индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои двете страни ги оценија како конструктивни.


„Ако не можеме да го решиме ова на преговарачка маса, постојат други опции за да се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарна бомба“, изјави Пит Хегсет за „Фокс њуз“.

„Со она што го правиме против Хутите и во регионот, покажавме способност да одиме далеку, длабоко и многу силно (…). Не сакаме да дојдеме до таа точка, но доколку е потребно, ќе го направиме тоа за да го спречиме Иран да развие нуклеарна бомба“, рече американскиот министер за одбрана.

Двете земји, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, разговараа во саботата со посредство на Оман.

Хегсет ја опиша дискусијата како многу конструктивна, што беше став на Техеран. Преговорите продолжуваат на 19 април.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД во саботата траеја нешто повеќе од два часа. Разговорите во Мускат, главниот град на Оман, се одржаа во различни простории со официјални лица од Оман кои пренесуваа пораки до иранската и американската делегација.

Иранската државна телевизија објави дека специјалниот пратеник на Трамп Стив Виткоф и шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи имале кус разговор во присуство на министерот за надворешни работи на Оман на крајот од разговорите.

Западните земји, на чело со САД, со децении се сомневаат дека Техеран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Иран, чија економија се бори под санкции, ги отфрла обвинувањата и вели дека неговите нуклеарни активности се ограничени.

Вашингтон се повлече од меѓународниот нуклеарен договор со Иран во 2018 година, делумно мотивиран од недостатокот на акција против иранската програма за балистички проектили, што се смета за закана за неговиот сојузник Израел.

Но, во вториот мандат, Доналд Трамп одлучи да започне преговори со Техеран за нов нуклеарен договор.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK