Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека цените на горивата ќе останат покачени поради последиците од војната со Иран.
Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече дека цените веројатно ќе останат над 3 долари по галон и следната година, иако се очекува веќе да го достигнале врвот.
Во моментов, просечната цена изнесува околу 4,05 долари по галон, значително повеќе од лани.
Рајт додаде дека стабилизирањето на цените ќе зависи од завршувањето на конфликтот, бидејќи нестабилноста на пазарите продолжува да врши притисок.