Американскиот Конгрес денеска избира претседател на Претставничкиот дом

1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот Конгрес на Соединетите Американски Држави денеска треба да избере нов претседател на Претставничкиот дом, а се очекува на таа функција повторно да биде избран досегашниот претседател на тој дом Мајк Џонсон.


Џонсон денеска беше поддржан од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но АП објави дека дури и поддршката од самиот Трамп, која обично е сигурен облог за републиканците, не е гаранција дека Џонсон ќе остане на власт.

Претседателот на Претставничкиот дом е моќна улога која овозможува речиси целосна контрола врз функциите на тоа тело, а претседателот традиционално и историски е постојан член на партијата која има мнозинство, иако тоа не е уставен услов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK