Американскиот државен секретар: Преговорите за прекин на огнот во Газа ќе продолжат наскоро

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека преговорите за прекин на огнот во Газа би можеле да продолжат во наредните денови.



Зборувајќи на прес-конференција во Доха со катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман Ал Тани, Блинкен рече дека преговарачите во Газа наскоро ќе се сретнат. Според информациите, Катар треба да биде домаќин на нова рунда мировни преговори меѓу Израел и Хамас.

„Разговаравме за опциите да го искористиме овој момент и следните чекори за да го придвижиме процесот напред, и очекувам нашите преговарачи да се соберат во наредните денови“, додаде Блинкен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Вашингтон „се спротивставува на секој обид да се наметне опсада и да се изгладне населението во Газа“. Тој најави дополнителна хуманитарна помош од Соединетите Американски Држави за палестинската енклава во износ од 135 милиони долари.

Ескалацијата на повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт се случи на 7 октомври минатата година, кога милитантите на Хамас го нападнаа Израел и масакрираа 1.300 луѓе, главно цивили. Потоа следеше одговорот на Израел, кој за една година бомбардирање и напади врз Газа загинаа повеќе од 40 илјади луѓе, главно цивили, жени и деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK