Американскиот државен секретар оди во посета на Јужна Кореја

blinken.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен следната недела ќе ја посети Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул. Земјата е втурната во политички превирања, а нејзиниот отповикан претседател се спротивставува на апсењето.


Јужна Кореја е клучен безбедносен сојузник на Вашингтон, но земјата ја потресе криза предизвикана од неуспешниот декрет за воена состојба на претседателот Јун Сук Јеол пред еден месец. Блинкен ќе се сретне со неговиот колега Чо Тае-Јул следниот понеделник, соопшти Министерството за надворешни работи на Сеул.

„Се очекува тие да разговараат за јужнокорејско-американската алијанса, соработката меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, севернокорејските прашања и регионалните и глобалните предизвици“, соопшти Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK